Wednesday, April 21, 2021



  Ден на планетата Земја 22.4.2021 –
 Активност „ Учиме за планетата Земја“

         Оваа година преку иницијативата „Учиме за планетата Земја“ по предлог на БРО, МОН и во соработка со НВО Go Green се изготвени материјали за изведба на кратки активности кои ќе поттикнат продлабочување и акција за заштита на животната средина.

         Нашата изведба на активноста се одржа на 21.4.2021 со ученици од 8 одделение, кои изразија желба и беа во можност да се вклучат на истата. Активноста се состоеше од реализација на квиз кој учениците го добиваат како линк, а потоа откако сите ученици ќе ги одговорат прашањата заеднички се проследува  презентацијата. Презентацијата ја искористивме за да ги провериме одговорите на прашањата од квизот, но и да се продлабочи знаењето преку соодветниот текст на секој слајд. На крајот имавме можност да слушнеме интересни факти од страна на некои ученици кои сакаа да го споделат тоа со останатите.

 

No comments:

Post a Comment