Во пресрет на денот на бројот p (14 март) учениците од 9 одделение подготвија интересни презентации преку кои направија поврзувања на математиката со секојдневниот живот, историјата, техниката, науката и финансиската писменост. Учениците исто така прикажаа висок степен на интеркултурна сензибилизација со што уште еднаш ја потврдија универзалноста на математиката и нејзината убавина.
Friday, March 13, 2026
Monday, February 16, 2026
ДОМАШНА РАБОТА „Формулите околу мене“
1 дел – задолжително (за сите ученици)
Избери една формула што си ја работел/а денес (или некоја слична).
Запиши ја:
а) формулата;
б) што значи секоја променлива;
в) објасни со една реченица:
Што се случува ако една променлива се зголеми?
Што се случува ако една променлива се намали два пати?
2 дел- по избор
Запиши ја формулата со која ќе пресметаш цена на сметка за такси превоз, ако стартот на таксито е 60 денари, а секој километар се наплаќа по 35 денари. Објасни:
- што значи секоја од променливите во формулата;
- Дали имаш доволно пари за да платиш такси до Пелистер, ако од градот до таму има 10 километри, а ти имаш 400 денари?
Wednesday, February 4, 2026
Friday, January 16, 2026
Со учество на VII Meѓународна еду-конференција за наставници и ИТ експерти одржана на 27-28.09.2025 во Струга беа проследени инвентивни приоди применливи во наставата во чекор со напредокот и користење на ВИ. Организацијата беше на Friends of education, а поддржано од УКИМ, УКЛО, УГД, Space camp Turkye, European Commission, Erasmus+.
Subscribe to:
Posts (Atom)

