Friday, March 13, 2026

Во пресрет на денот на бројот p (14 март) учениците од 9 одделение подготвија интересни презентации преку кои направија поврзувања на математиката со секојдневниот живот, историјата, техниката, науката и финансиската писменост. Учениците исто така прикажаа висок степен на интеркултурна сензибилизација со што уште еднаш ја потврдија универзалноста на математиката и нејзината убавина.


 

Monday, February 16, 2026

 ДОМАШНА РАБОТА  „Формулите околу мене“ 


1 дел – задолжително (за сите ученици) 
Избери една формула што си ја работел/а денес (или некоја слична). 
Запиши ја:
 а) формулата; 
б) што значи секоја променлива; 
в) објасни со една реченица: 
Што се случува ако една променлива се зголеми?
Што се случува ако една променлива се намали два пати?

2 дел- по избор
Запиши ја формулата со која ќе пресметаш цена на сметка за такси превоз, ако стартот на таксито е 60 денари, а секој километар се наплаќа по 35 денари. Објасни:
  •  што значи секоја од променливите во формулата;
  • Дали имаш доволно пари за да платиш такси до Пелистер, ако од градот до таму има 10 километри, а ти имаш 400 денари?

Wednesday, February 4, 2026

 Интерактивна содржина за пропорционалност 9 одделение

Пропорционалност

Пропорционалност 9 одделение

Friday, January 16, 2026

 Со учество на VII Meѓународна еду-конференција за наставници и ИТ експерти одржана на 27-28.09.2025 во Струга беа проследени инвентивни приоди применливи во наставата во чекор со напредокот и користење на ВИ. Организацијата беше на Friends of education, а поддржано од УКИМ, УКЛО, УГД, Space camp Turkye, European Commission, Erasmus+.  



Tuesday, July 11, 2023

 VII Меѓународен конгрес на математичари, 27-30.6.2023

Учество со труд „ Рефлективното учење на наставниците по математика од основните и средните училишта во РС Македонија“



Monday, May 9, 2022

Трета меѓународна конференција за образованието по математика, физика и сродни науки, 6-8. 5. 2022, Природно математички факултет, Скопје - учество со труд и предавање на тема „ Влијанието на наставната стратегија превртена училница на постигнувањата на ученици за време на пандемијата со ковид 19“.