Tuesday, April 28, 2015

ЗАДАЧА НА НЕДЕЛАТА

      Работејќи во договорените групи, истражувајте за нестандардни мерки кои се користат се уште или се користеле во минатото. Најдете ги врските со стандардните мерки или занимливости повзани со нив. 
       Опишете го тоа накратко во Power Point презентација од 4-5 слајдови, која на почеток содржи наслов на темата „Нестандардни мерки“, содржината што ја презентирате и на крај- групата ученици која го изработи и изворот од каде ги користеше материјалите за подготовка. 
Напомена: Презентацијата треба да биде со ppt  наставка. 

Рок за изработка и датум на презентација: 5 мај 2015!

Monday, February 16, 2015

Saturday, February 14, 2015

СООПШТЕНИЕ

            Според насоките на Сојузот на математичари на Македонија, на 12.2.2015 во нашето ОУ „Даме Груев“ се одржа училишниот натпревар за учениците од 6 одделение, на кој учествуваа повеќе ученици кои покажуваат солидни резултати во наставата по математика. 
       Според постигнатите резултати за учество на општинскиот натпревар се пласираа Димовска Михаела 6г одделение и Симјановска Анушка 6в одделение. Општинскиот натпревар ќе се одржи на 28.2.2015.