Tuesday, July 11, 2023

 VII Меѓународен конгрес на математичари, 27-30.6.2023

Учество со труд „ Рефлективното учење на наставниците по математика од основните и средните училишта во РС Македонија“



Monday, May 9, 2022

Трета меѓународна конференција за образованието по математика, физика и сродни науки, 6-8. 5. 2022, Природно математички факултет, Скопје - учество со труд и предавање на тема „ Влијанието на наставната стратегија превртена училница на постигнувањата на ученици за време на пандемијата со ковид 19“.








Monday, March 7, 2022

На 7.3.2022 со цел поддршка на деветтоодделенците во насока на нивната професионална ориентација, учениците од 9в проследија онлајн презентација на приватното средно училиште „Саба“ Битола. Учениците беа запознати со начинот на работа на училиштето и разлините наставни насоки, а беа поставувани прашања во рамките на нивните интереси за продолжување на нивното образование во средно училиште.




 

 

На 1.3.2022 беше организирана виртуелна тура низ Собранието на Р Македонија. Учениците од 9в ја проследија и имааможност од поблиску да се запознаат со просторот и начинот на организација на законодавниот дом.




Wednesday, February 16, 2022

 9- то одделение

Интерактивна содржина за ПРОПОРЦИОНАЛНОСТ

 Објавен труд во Зборникот на трудови од Петтиот семинар „ Математика и примени“, Математички омнибус, книга 10 ( на страницата на Институтот за математика при ПМФ Скопје и на порталот на институтот). 



Wednesday, December 1, 2021

 Во врска со изборот на средно образование  и професионалната ориентација, денес, 1.12.2021, нашите 9то одделенци го проследија дигиталниот саем за средно стручно образование организиран од проектот Образование за вработување Е4Е@мк и МОН (линк до оригиналната објава на МОН).