Tuesday, April 9, 2019
Wednesday, March 13, 2019
Проект Е Тwinning
„ Бенефит од читањето книги врз оценката по математика“
Во месец декември заедно со колеги од училиштето ORGENERAL SELAHATTİN RİSALET ORT и други учесници од училишта во Турција беше започнат проектот со име „ Бенефит од читањето книги врз оценката по математика“ како истражувачка активност на која ќе работиме 4 месеци. Во прилог е линкот до платформата која содржи материјали за нашата работа https://twinspace.etwinning.net/79522/materials/images, како и букмаркот кој се користи во текот н проектот.

Tuesday, February 12, 2019
Бројни системи- 6 одделение
На дадените линкови подолу ќе најдете материјал за истражување за Вашата презентација во врска со развојот на декадниот броен систем.
За почетоците на бележењето на броевите со симболи- Вавилонски и Египетски броеви
Стар броен систем кој се користи и денес- Римски броеви
За нулата- Нула
Записи за дропки- Историја на дропки
Абакус- Дефиниција на абакус, Операции со абакус
Декаден броен систем,
Други бројни системи- Бинарен броен систем, Октален броен систем, Хексадецимален броен систем
За да ја подготвите презентацијата следете ги следните насоки:
Презентацијата во Power Point треба да содржи најмалку 5 слајдови со содржини кои ќе ја опишат основата на декадниот броен систем и неговиот развој. На првиот слајд треба да стои наслов, име и презиме, одделение/паралелка за учениците кои го изработиле. Потоа на следните неколку слајдови треба да биде накратко опишана појавата на бележењето на броевите и развојот на различни бројни системи , примери од бројни системи, слики и друго. Последниот слајд треба да го содржи како заклучок мислењето на учениците кои ја работеле презентацијата во врска со различните бројни системи, нивно мислење во врска со предности или недостатоци за декадниот броен систем.
Кога презентацијата е подготвена, испратете ја на следната адреса: matematika.sekcija@gmail.com
Забелешка: Доколку не сте во можност да подготвите Power Point презентација, податоците од Вашето истражување подгответе ги на хамер хартија со содржина како што е опишано погоре.
За времето за изработка, начинот на оценување и слични прашањa ќе Ви биде објаснето на часот по математика.

Subscribe to:
Posts (Atom)