Thursday, November 6, 2014

ЗАДАЧА НА НЕДЕЛАТА

За учениците од 6 одделение- додатна настава

Верица, Наде и Лидија се претседателки на математичката, хемиската и литературната секција во едно училиште. Претседателката на литературната секција е најмлада и нема ни брат ни сестра во училиштето. Верица која седи во клупа со братот на Лидија, е постара од претседателката на хемиската секција. Одреди го името на претседателката на секоја од трите секции.