ЗАДАЧИ ЗА ДОДАТНА НАСТАВА ЗА 7 ОДД.
1*. Шестина од вкупната количина на некоја роба е продадена со заработка од 20%, а половина од робата со загуба од 10%. Со колку проценти заработка треба да се продаде остатокот од робата за да се покрие загубата?
2. На почетокот на учебната година во едно училиште имало еднаков број на момчиња и девојчиња. Во текот на годината се запишале уште 15 девојчиња и 5 момчиња. Сега бројот на девојчиња бил 51% од вкупниот број на ученици. Колку биле момчиња, а колку девојчиња на почетокот на учебната година?
3. Морската вода содржи 5% сол. Колку литри обична вода треба да се дотури на 40 литри морска вода за да се добие 2% солена вода?
4. Во сад имало 420 гр. дваесет процентен раствор на сол во вода. По извесно време поради испарување количината на растворот се смалила на 300 гр. Колкав е сега процентот на сол во водата?
5. Иван добил пари од татко му и заедно со тројца свои другари сакал да купи топка така што секој ќе плати подеднаков дел. Потоа дошол Марко па секој платил по петтина под цената на топката. Колку проценти од добиените пари заштедил Иван?