Thursday, February 27, 2014

         РАБОТЕН ЛИСТ- ИНОВАЦИИ И ПРЕТПРИЕМНИШТВО
                 Систем од две равенки со деве непознати

 - Ваша задача е да составите текстуална задача која во решавањето ќе вклучува систем од две линеарни равенки со две непознати, според зададениот пример.
 - Задачата што ќе ја запишете и решите треба да е проблем од секојдневниот живот во функција на реализирање на бизнис идеи кои се базираат на оптималното решение.
 - По составувањето и решавањето на задачата ( методот за решавање го бирате сами ) треба да направите начин како тоа ќе го презентирате пред другите групи ( со PowerPoint на хамер и слично ).
 Преку задачата и презентацијата ќе треба да ги убедите другите групи дека вашиот бизнис план е добар и профитабилен.
 - Оценката на вашата група ќе биде определена преку меѓуученичка дебата и со инструмент за усна презентација следниот час !

Пример:
Елена има фирма за производстсво на дрвени и метални копчиња, а Миле има фирма за производство на панталони. За 105 000 денари Миле купи од Елена 1 000 дрвени и 1 500 метални копчиња.

 а) Колку чини дрвено, а колку метално копче ако се знае дека 500 дрвени чинат околу 300 метални копчња.

б) Колку сребрени копчиња би купил Миле за истите пари доколку Елена почне да произведува копчиња по цена од 7 пати повисока од цената на дрвените копчиња.

Задачата треба да биде подготвена на 04.03.2014 за презентирање.