Friday, November 22, 2013

ЗАДАЧА НА НЕДЕЛАТА:

Од тројца другари: Борко, Бранко и Тодор, еден е алатничар, другиот бравар, а третиот тракторист. еден од нив живее во Битола, другиот во Берово, а третиот во Тетово. Ако се знае дека:
а) Борко многу ретко патува во Битола, иако сите роднини му живеат во Битола
б) Меѓу нив има двајца чии професии и место на живеење почнуваат со иста буква како и името
в) Сопругата на алатничарот е сестра на Борко
Одреди ги нивните професии и места на живеење.